Димитријевиќ: Ајде заедно да се избориме за промена, заедно да се бориме за нашиот дом

59

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ упати голема критика кон владејачката ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека е потребна заедничка борба за промена, за нашиот дом.

За една и пол година исплива целата неспособност на ВМРО ДПМНЕ. Цените дивеат а наместо да растат платите се намалуваат.

Една и пол година ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна власт и покажаа на дело дека апсолутната власт апсолутно корумпира.

Затоа, ние СДСМ денеска пружаме рака кон граѓаните кои сакаат и заслужуваат промена на подобро.

Имаме чесна понуда на кандидати за градоначалници и советници кои се подготвени да работат за доброто на сите.

Ајде заедно да се избориме за промена, заедно да се бориме за нашиот дом.

Претходна вестКошаркарките на Баскет Кам го освоија Супер купот
Следна вестФилипче до Мицкоски: Точно е дека има само две опции, едната на чесни кандидати кои работат за граѓаните од СДСМ, а другата е неспособната на ВМРО-ДПМНЕ