Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа на автопатот Тетово-Скопје, животот го загуби 24-годишен младо момче од Свети Николе.
Според информации од СВР Тетово, несреќата се случила околу 20:30 часот, кога патничко возило „Голф“, кое го управувал младиот возач, излетало од коловозот на околу пет километри од Тетово. И покрај брзата интервенција на екипите на Итна медицинска помош, констатирана е смрт на лице место.
– Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово – изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.