ДЕТАЛИ: 19-годишниот Адис Бела бил мета на вечерашното пукање?!

6360

19 годишното момче Адис Бела е тешко повредено по вечерашното пукање во скопски Чаир, дознава 4NEWS.mk од свои извори.

Врз 19 годишникот во моментов се извршува операционен зафат во ГОБ Св. Наум Охридски во центарот на Скопје.

Како што веќе објавивме, пукано било од кумановски Пасат кој моментално е во бегство и полицијата е во голема акција.

Нејасно е дали 19 годишникот бил мета или се нашол во погрешно време на погрешно место.

Вооружената престрелка ја потврди и МВР.

„На 05.10.2024 во 20.20 часот пријавено е дека на ул. Цветан Димов во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот било пукано од возило „пасат“. Повредениот е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Пукањето се поврзува со вооружена престрелка која се случила пред од прилика еден месец во близина на образовен објект во Чаир.

На местото на инцидентот се присутни бројни полициски екипи.

Извор: 4news.mk

претходниот член,Полицијата ќе го гони таткото на починатото бебе на Клиника, искршил инвертар и компјутери
Следната статијаМицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие