Македонската православна црква и верниците утре ја слават Митровденска Задушница пред големиот празник Митровден посветен на Светиот великомаченик Димитриј.
Задушница секогаш се паѓаат во сабота. На овој празник се посетуваат гробиштата, каде што се палат свеќи на гробовите на најблиските. Задушница се слави четири пати годишно и секогаш во сабота.
Обичајот на верниците е на многу места на тој празник да носат храна на гробиштата. Храната се дели со луѓето кои го посетуваат гробот, со споменување за спасување на душата на покојникот. Вообичаено е да се носат варена пченица, црвено вино и свеќи на гробиштата.
Црвеното вино, кое свештеникот го истура врз пценицата, ја означува Божјата милост, која ги лекува раните од гревот. Свеќата е симбол на Христовата светлина, која треба да ги потсети верниците на светлината со која Исус Христос ги осветлува душите на упокоените.
Спомен-денот е и ден кога се посветува посебно внимание на делењето милостина, поради што на секој просјак треба да му се даде милостина и дел од храната што ја носиме со себе.