Делови од Скопје на 31 мај, 15 часа ќе бидат без вода поради зафат на мрежата

158

В сабота, 31 мај, неколку скопски населби ќе немаат вода 15 часа, соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Причина за прекинот е приклучувањето на нов магистрален водоводен цевковод, што е дел од поголем проект за унапредување на водоснабдителниот систем во главниот град.

Без вода од утрото ќе бидат Визбегово, булевар Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и дел од Бутел 1.

-Работите ќе започнат точно на полноќ и се очекува да завршат во рок од 15 часа. Се работи за комплексна интервенција, која вклучува инсталација на игличест регулационен вентил и поврзување на два главни магистрални цевководи во Скопје. Со реализацијата на овој проект, се предвидува значително подобрување на притисокот на водата, намалување на загубите и обезбедување поквалитетно водоснабдување за жителите. Новата врска ќе овозможи создавање на циркуларен прстен кој ќе ја зголеми сигурноста на мрежата, велат од претпријатието.

ЈП „Водовод и канализација“ апелира до граѓаните за разбирање и најавува дека сите активности ќе бидат изведени во најкус можен рок, заради што побрзо нормализирање на водоснабдувањето.

Претходна вест46-годишен скопјанец тешко повреден при работа на објект во Центар
Следна вестКостадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР