Дел од Македонија не спиеше мирно: Регистрирани 3 земјотреси – ова се деталите

3143

Три земјотреси се почувствувани во земјава после полноќ, од кои најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).

Прв е почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го осетиле и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Десетина минути подацна, земјотрес е почувствуван и на северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.

Него го почувствувале жителите на Скопје и околината.

Според пишувањата на граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ, потресот во Скопје траел кратко, придружен со звук.

Претходна вестФункционер од ДУИ ја пробил акцијата на МВР – им дојавил на криминалците што подготвува полицијата, јавува Плусинфо
Следна вестЦената на биткоинот постави нов рекорд