Деканот на Градежниот факултет во трка за градоначалник на Скопје како независен кандидат

52

Проф. д-р Горан Марковски, деканот на Градежниот факултет при УКИМ ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори.

Тој ќе биде независен кандидат со поддршка од граѓанската платформа „Независни заедно“.

„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од „Независни заедно“.

Досега кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓорѓиевски, Башким Бакиу, Каја Шукова, Скендер Реџепи-Зејд и Амар Мециновиќ.

Претходна вестПолицаец претепан од осуденик во затворот „Идризово“
Следна вестНародна банка: Поволни кредити за станови за млади брачни парови, гувернерот со Катастарот ќе ги открива манипулациите