Даниела од Злетово моли за својот син Дејвид: За 3500 евра може да остане без видот, а веќе боледува од аутизам и епилепсија

91

Најновата епизода од „Срце на дланка“ ја носи сторијата за Даниела од Злетово која стравува за видот на нејзиното дете Дејвид. За 3500 евра тој може да го изгуби видот засекогаш. Освен слабовидност, тој боледува и од аутизам и епилепсија.

Дури и неговите брат и сестра се подготвени на се, само Дејвид да отиде на операција.

Дејвид од Злетово – 14 годишно момче со посебни потреби. Животот уште од рана возраст бил тежок за Дејвид, бидејќи покрај потешкотиите во менталниот развој почнал да се јавува и сериозен проблем со видот

Со оглед на тоа што се работи за социјално загрозено семејство на самохрана мајка со три дечиња, требало долго време да се дојде до соодветна дијагноза и решение за Дејвид.

Решението е итна операција, но за жал, неговата самохрана мајка не може да му го овозможи тоа.

Доколку сакате да помогнете и да донирате за Дејвид тоа може да го направете со кликање ТУКА.

Претходна вестВо зима ненормално ви ги зголемува сметките за струја: Никој не е свесен дека поради ова месечно плаќаме многу повеќе , а постои опција да се намали
Следна вестПочина актерката Весна Стојановска Николовска