Најголемата опозициска партија, СДСМ, во текот на денот потврди дека предлог на претседателот Венко Филипче, Извршниот одбор на СДСМ ја избрал Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени на СДСМ.
Колева е долгогодишна активистка и борец за еднаквост и еднакви можности, поранешна пратеничка на СДСМ и членка на Извршниот одбор на партијата во минатиот состав, дипломиран професор по математика и Магистер по менаџмент на човечки ресурси, објавија од партијата.
Преку социјалните мрежи се огласи и самата Колева, која порача:
-Почитувани. Сакам да упатам голема благодарност до претседателот на СДСМ, Венко Филипче и до Извршниот одбор на СДСМ, за укажаната доверба да го предводам Форумот на жени на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. СДСМ е предводник во унапредување на правата и застапеноста на жените во општеството, прва партија која има воспоставено целосна родова рамноправност во партиските тела и на изборните листи, а со тоа има директно влијание на јакнење на позициите на жените во општеството.
Нашите претходнички социјалдемократки, со својата храброст и визија, во минатото надминаа големи предизвици и препреки, а наша задача е да го продолжиме нивниот пат, за достигнување на нашата заедничка цел.
Имаме голем капацитет, имаме храброст и енергија, имаме јасна цел и визија.
Продолжуваме да работиме, уште посилно, за подобро општество за сите!