Да се потсетиме на Ковид-19 : Првиот заболен беше регистриран на денешен ден пред шест години

126

Точно пред шест години беше регистриран првиот случај на коронавирус. Тоа беше 55-годишен маж од кинеската провинција Хубеј. Од тогаш до денес бројот на заразени во светот ја надмина цифрата од 55 милиони, а од последиците предизвикани од овој вирус починаа повеќе од 1,3 милиони луѓе.

Кога беше забележан првиот случај, никој не ни претчувствуваше дека вирусот ќе опстои толку долго, а уште помалку дека ќе однесе толку многу животи. Но и дека ќе го затвори светот, населбите и градовите ќе ги претвори во карнантин зони, ќе запре целиот сообраќај…

Нултиот пациент бил регистриран на 17 ноември 2019 година во кинеската провинција Хубеј. Еден месец потоа кинеските лекари ги регистрира првите случаи во Вухан. Од тој прв случај па до само втората годишнина, починаа повеќе од пет милиони луѓе.

Претходна вестОва е девојката која синоќа брутално беше убиена во тоалет од угостителски објект