Лоша, црна сабота за Македонија. Во истата се случија најмалку 4-5 потешки сообраќајни несреќи.
Од 15:45 часот, во целосен прекин е патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, информира АМСМ.
Прекинот на сообраќајот во двата правци е поради случена тешка сообраќајка.
Засега нема информации за несреќата. Ниту дали има повредени лица.
На терен веќе се екипите на Брза помош и полицијата, која врши увид на лице место.