ЦУК пред малку соопштија тажна вест: Прерано нè напушти нашиот драг колега

1521

На 09.01.2026 година, по кратко боледување, на 47-годишна возраст, прерано нè напушти нашиот драг колега,

Стојадин Гоговски, раководител на Регионалниот центар за управување со кризи во Крива Паланка.

Колективот на Центарот за управување со кризи изразува длабоко жалење за загубата и упатува искрено сочувство до семејството Гоговски.

Драг Стојадине,

Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Крива Паланка секогаш кога тоа беше потребно.

Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста.

Претходна вестНема повеќе пушење во кола – еве и каде на друго место ќе биде забрането пушењето цигари: Детални информации за новиот закон
Следна вест„Ништо нема да го врати нашиот син“ – Болна исповед на таткото на младиот Александар