Чистачките ги „дерат“ граѓаните – за чистење на стан наплаќаат и до 7.500 денари

607

Граѓаните се запрепастени од високите цени за чистење на станови, канцеларии и деловен простор. Велат како тргнала работата наскоро платата на чистачките ќе ја достигне онаа на ИТ инженерите, бидејќи и едните и другите се многу барани на пазарот.

Сервис за чистење на стан од 60 квадрати бара 7.500 денари. И чистачките не се ништо подолу и ги кренаа цените до плафон – за иста квадратура на стан бараат од 4.000 до 5.000 денари, а цените ги вадат од ракав. Граѓаните се запрепастени од високите цени за чистење на станови, канцеларии и деловен простор. Велат како тргнала работата наскоро платата на чистачките ќе ја достигне онаа на ИТ инженерите, бидејќи и едните и другите се многу барани на пазарот.

Последниве години се зголемува побарувачката, но и платите на чистачките. Луѓето се многу ангажирани и немаат време за чистење на домот, па се почесто бараат чистачки и неможат да ги најдат.

-Прашав една жена што доаѓа кај комшиката да чисти колку зема за чистење на стан од 60 квадрати ми рече од 4.000 до 5.000 денари во зависност од тоа колку е прљав станот. Цената ми беше многу висока и не прифатив. Знам дека цените им се зголемени, ама 5.000 денари за чистење на стан е премногу, вели една Скопјанка.

Извор: Локално.мк

Претходна вестМинистерството за здравство со итни мерки поради зголемениот ризик за здравјето на луѓето од отпадот во Скопје
Следна вестБидете подготвени: Доаѓа големо невреме – ќе пристигне и во Македонија, познато кога и во кои делови