Чајот против неровза на 83-годишниот Христо од Кочани се побаран: Открива што има во него

926

Да, добро прочитавте во насловот. Чај против нервоза е достапен на тезгата на 83 годишниот Христо Арсов од Кочани.

Како што вели Арсов се соединуваат три билки и се добива чајот кој во денешно време се бара се повеќе од страна на граѓаните. Се собира во рана пролет или наесен и е доста ефикасен. Арсов додава дека граѓаните го препознаават добриот чај и постојано купуваат, како против нервоза така и за кашлица, настинка и слично.

„За нервоза го смирува нервниот систем и добар е пред спиење да се земе, убаво се спие. Во чајот за нервоза има баточина, хмел и валеријана. Чајот се собира кога цвета или зависи коренот ако се ваде, рано пролетта или наесен.“ – вели Арсов за Мнет ТВ.

Освен чајот за нервоза, на тезгата на Арсов која е лоцирана на пазарот во Кочани можат да се најдат разни видови чаеви. Иако е во години вели се уште оди сам да го собира чајот и тоа го исполнува. Потоа соодветно го складира и го продава.

„На нашата тезга може да се најдат чаеви од разни врсти. За кашлица, за простата, за нервоза, жалфија, глуварче, чај против шеќерот, конјско опавче. Чајот го береме обично од Пресека или кај Врнинци тој дел. Сам го берам иако сум во години сам го берам.“ – додава Арсов.

Претходна вестАнтониа Гиговска откри како за 55 дена ослабнала 33 килограми
Следна вест„Врсник ме исмејуваше, а потоа ме турна и ја скршив раката“ – емотивна исповед на малиот Виктор кој минува низ пекол поради сериозен здравствен проблем