Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот 112 претпладнево бил пријавен пожар на улицата „Владимир Назор“ бр. 2 во Скопје.
Се запали возила на улица која е во близина на Клиничкиот центар во Скопје. На терен веднаш излегоа екипите на полицијата и противпожарните служби по што огнот беше изгаснат, а возилото марка „Цитроен“ целосно изгоре.
Во инцидентот нема повредени.