Цела Македонија го чекаше ова: Дожд во повеќе делови од државата – познато каде веќе врне дожд

2045

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.

Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и на почетокот на следната седмица.

Претходна вестЛошата вест брзо се прошири, за жал има загинати: Камен падна врз автомобил, загина лекарка од Сараево
Следна вестУжас, тага и болка на автопатот кон Скопје: Страотна несреќа во која животот го загубија 3 лица – едно дете е повредено