Браво за БЈБ: Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

564

МВР извести дека денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го уапсиле И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка.

„При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело ” поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава” со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Исто така денеска, во 17.00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода А.Ч.(50) од село Мелница, општина Чашка.

При претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело “поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол ,,Валтер” со една рамка, еден пиштол „Црвена застава”, еден пиштол „Бул” со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986 670 денари во разни апоени и 2 325 евра во разни апоени. А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести полицијата.

Претходна вестНемили сцени во Куманово: Избоден малолетник, пренесен е болница
Следна вестИнтервју со заменик Генералниот Директор на АД Мепсо Никола Рилак: Развојот на МЕПСО беше и ќе остане мој императив во работењето