Браво е малку за одлуката: Во Валандово за секое новороденче наместо 5.000, ќе се земаат 30.000 денари – најави Перо Костадинов

28

Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари.

Кандидатот за градоначалник на Валандово од СДСМ Перо Костадинов во дебатната емисија на МТВ, ја побара поддршката од граѓаните за наредниот мандат и ја презентираше својата програма.

„Ја барам поддршката од граѓаните на општина Валандово, за сите заедно да продолжиме да создаваме локална средина во која ќе се чувствуваме достоинствено, слободно, која ќе напредува во секоја сфера, на секое поле, која ќе напредува како што изминатиот период одеше напред и да продолжиме отворено, чесно, стабилно, да го развиваме Валандово кое секојдневно ќе напредува и ќе биде подобро и подобро“, рече Костадинов.

Од својата програма Костадинов истакна носење на урбанистички планови за градот и население места, продолжување на комплетно бесплатните градинки во општината, стипендирање на учениците, средношколците и маргинализираните групи.

„Поддршката за граѓаните драстично ја прошируваме, 10 милиони денари за започнување семејни и нови бизниси, 5 милиони за граѓански здруженија и организации, 2 милиони денари за нашите пензионери. Субвенцијата за новореденче ќе се зголеми од 5 на 30.000 денари. Продолжуваме да ги враќаме парите кај граѓните, секој граѓанин да сфати дека неговиот данок е вратен за подобри услови, за млади, возрасни за секој граѓанин, многу е значајно тоа да продолжиме да го правиме“, нагласи Костадинов.

Претходна вестВработена во велешката болница била заклучена, малтретирана и испрскана во очи со средство за чистење