Бомбастична вест доцна вечерва: Големо изненадување за сите, за само 11 дена – од ПРВИ јануари минималната плата ќе биде 510 евра во соседна Албанија

4995

Албанската влада донесе одлука со која, од јануари минималната плата се зголемува на 50 илјади леки, околу 510 евра или за 100 евра повеќе од досегашната, која беше најниска во регионот.

– Од оваа одлука полза ќе имаат околу 307.850 вработени, регистрирани во јавниот и приватниот сектор и има за цел да го заштити животниот стандард, да го зајакне човечкиот капитал и да го подобри животниот стандард за илјадници албански семејства, објави Делина Ибрахимај, министерката за економија и иновации.

Според неа, се очекува зголемувањето на минималната плата да има позитивно влијание и врз намалувањето на неформалноста на пазарот на трудот, како и врз зајакнувањето на почитувањето на законските договори и правата на вработените.

Најавувајќи го ова зголемување, неодамна премиерот Еди Рама, рече дека ова ќе биде првото, но не и единственото зголемување во овој мандат на владата, кога минималната плата ќе достигне 700 евра.

Претходна вестУченик се самоуби доцна синоќа во Скопје
Следна вестУХМР со детали: Доаѓа снег во Македонија – еве кога започнуваат врнежите