Бомба на големиот празник: Познат министер поднесе оставка

5174

Политичка бомба на големиот празник: Познат министер поднесе оставка

Проф. д-р Лулзим Алиу денеска официјално го заврши својот ангажман како заменик-министер во Министерството за образование и наука.

Тој ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со што го заокружи овој значаен период од својата професионална и јавна кариера.

Во својата изјава, Алиу упати благодарност до матичната партија Алтернатива и нејзиното раководство – актуелниот претседател Беким Сали, како и претходните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими – за укажаната доверба по вторпат да ја извршува оваа одговорна функција.

Тој изрази благодарност и до своето семејство, пријателите и соработниците за континуираната поддршка во текот на целиот негов мандат.

Претходна вестФОТО: И тоа се случи во Македонија – актуелен градоначалник скокна во водите по светиот крст
Следна вестТажна вест вечерва: Почина познатата пејачка со чии хитови уживаше цел Балкан