Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит, вели доктор Кедев

148

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостин беше интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки интервенции врз пациенти, чија цел е профитот, а притоа се ризикува животот и здравјето на оперираниот пациент:

Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотребни интервенции, непотребни стентирања, непотребни операции. Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции кои што се профит ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници, на кои што интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, ние имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, имаме докази за тоа. Тоа е фасцинантно нешто, кое што треба релевантните институции да преземат нешто, пред се министерството за здравство и фондот, бидејќи тие плаќаат некои од овие интервенции. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит, вели Кедев.

Претходна вестСцени од местото на настанот се застрашувачки и тешки за гледање: Двајца браќа на возраст од 17 и 19 години загинаа околу 14 часот кај Белград
Следна вестAA: Во Собрание се потврди, оваа Влада нема легитимитет и е моноетничка