Бојан и Ненад ја споделија убавата вест: Браво луѓе – собрани 600.000 денари за Искра

284

Добро познати лица од медицинскиот свет, Ненад Лазаров и Бојан Трајковски, како и Љупчо Петковски, се дел од водечките луѓе во проектот „ECrowd.mk“, каде се собираат донации за лица на кои им е потребна помош.

Оваа платформа е релативно нова, но има огромен раст, а веќе ги бележат и првите сериозни успеси. Се собираат средства за многу лица, а последна сериозна акција беше онаа за малата Искра.

И за помалку од 24 часа, хуманите граѓани, донираа и успешно ја завршија мисијата. 17 месечно детенце родено со спинална мускулна атрофија, не може сама да дише, и не може да живее без респиратор. Никогаш нема вкусено храна, се храни со назогастрична сонда со цревце,преку носето. Kористела респиратор од петгодишниот Петар кој за жал починал, но респираторот откажал.

Откако донациите се собрани, таа ќе добие респиратор!

претходниот член,Мрме распали по Милевски: Неинтелегентниот не можеш да го поразиш со аргументи
Следната статијаСе огласи дедото на исчезнатата Данка: Раскажа работи кои малкумина ги знаат