Бев тазе обвинител, син фатен со дрога, мајката мислеше дека е завера – ја запали баба му

5833

Бев тазе избран обвинител. Дента завршивме судење, а обвинетиот според сите докази им имаше овозможено на неколку негови врсници да употребат хероин кој претходно тој го набавил.

Сите имаа по едвај дваесет години. Неколку дена откако ја примив пресудата со која обвинетиот доби условна казна, на врата ми дојде една жена која се претстави како негова мајка. Побара од мене да не сум се жалел за пресудата. Детето било добро и ова било некаква завера против него.

Ја испратив со совет да ги отвори очите и да не му верува премногу на нејзиниот син.
Апелација ја потврди условната пресуда.

Неколку години подоцна, на дежурство полицијата ме извести дека истиов овој, откако не му дала пари за да купи дрога, си ја завиткал во тепих едвај подвижната баба, го полил со бензин тепихот и го запалил.
Еден колега, Бог да го прости, секогаш велеше дека најтешко од се е да бидеш добар родител.

Тежината се состои во одбирањето на размерот помеѓу гушкањето и строгоста!
Бог да нѝ помага на сите!

Фејсбук статус на Војо Димоски.

Претходна вестТаткото на Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата
Следна вест„Шо напраив бе“ беше сè што монструмот можеше да каже, вели другарката на Фросина