Беше надвор од државата: Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

4227

Поранешниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, кој е еден од осомничените во денешната акција на МВР и Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијата е уапсен.

Како што дознава Телма, Стефанов бил надвор од земјата и се вратил откако дознал дека се бара во кривична постапка.

Точниот број на приведени во денешната акција засега останува непознат.

Недостапен за полицијата сѐ уште е и Васко Ковачевски, исто така поранешен директор на ЕСМ.

Покрај Ковачевски и Стефанов, осомничени се и екс директорите на РЕК Битола Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, како и членови на неговото потесно семејство за проневера на 6,5 милиони евра од тендери.

Меѓу осомничените е и велешанката Маја Јорданова, чија фирма „Браинкоде“ ги доби трите тендери од ЕСМ за набавка на адитиви од Италија кои изнесуваат колку и оштетената сума. За истиот тендер се гони и Данчо Стојановски, кој бил директор за комерцијални работи во ЕСМ, кој се смета за организатор на набавка на адитивите и е роднина на Јорданова. Осомничен е и Пецо Стојановски, кој го носи истото презиме.

Инаку на тапет на обвинителството се за перење пари се и други семејни зделки поврзани со Стојановиќ.

„Хем – алијанс“семејната компанија на Стојановиќ чиј сопственик е неговиот татко Мирко, а директор неговата сопруга Милица. Фирмата во 2022 година доби тендер вреден 630.000 евра за набавка на хемикалија за потребите на РЕК Битола. На листата на осомничени се и неговиот брат Ранко и Смиља Стојановиќ.

Претходна вестПроверете ги сметките: Власта денеска исплати 8.274.180 денари на оа група земјоделци
Следна вестДоцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање