Автобус полн со патници излета во провалија во омиленото летувалиште на многу Македонци – има и мртви

3033

Најмалку осум лица загинаа, а 26 беа повредени во несреќа кога патнички автобус што се движел од Текирдаг до Анталија во Турција се превртел откако возачот не успеал да помине низ кривина.

На местото на настанот беа испратени полициски и медицински екипи, а местото на несреќата, според ТРТ Хабер, наликуваше на воена зона.

На местото на настанот беа испратени полициски, медицински и противпожарни екипи.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Сахин, изјави дека несреќата се случила во 10:20 часот по локално време.

Автобусот, кој превезувал 34 патници, излетал од патот и се превртел во канал откако возачот не успеал да помине низ кривина.

Во несреќата загинаа осум лица, додека 26 повредени се однесени во блиските болници.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа – повеќе лица се повредени
Следна вестФамилијарното проклетство е нешто најлошо: Еве дали го имате и како да се ослободите