Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и побегнал на полицијата на граничниот премин Блаце во правец кон Косово, откако полицаецот кој ја проверил личната карта добил аларм во системот дека Груби е ставен на СТОП ЛИСТАТА, веста прв ја објави Буре весник, а пренесува ГАЗЕТА.МК.
Изворите потврдија дека Груби, кој неодамна беше ставен на американската црна листа поради неколку обвинувања за корупција и кршење на законот, веќе побегнал од Република Северна Македонија во Косово.
Во моментот кога граничната полиција се обидела да го запре на граница откако неговото име било ставено на СТОП ЛИСТАТА, откако дознале за тоа автомобилот во кој се возел Артан Груби избегнал контрола и брзо се оддалечил. Полицијата веќе започна истрага за овој настан и ги засили патролите на граничниот премин Блаце.