Со шест голови и победа на домаќинот Арсими стартуваа натпреварите од 12.коло од Првата фудбалска лига. Победа од 4:2 оствари Арсими во дуелот со Башкими.
На првиот гол се чекаше 36.минута, кога домашниот центарфор Албан Таипи донесе водство за Арсими, но само две минути подоцна Башкими изедначи на 1:1 преку Ресуљ Мемети. Резултатот на полувреме беше 2:1, а стрелец на голот беше Мухједин Дардишта. Со двата гола на Шефит Шефити Арсими зголеми на 4:1 со головите во 63-та и 88-та минута, додека конечните 4:2 ги постави Емануел Аворнио во 90+2 минута.
Со денешната победа Арсими се проби на шестото место со 15 бодови, додека Башкими остана на петтото место со 19.
Утре се играат два дуела: Македонија ЃП – Струга и Работнички – Тиквеш, додека в среда на програма се дуелите: Брера – Силекс и Пелистер – Вардар. Поради настапот во УЕФА Конференциската лига и настапот на Шкендија, дуелот Шкупи – Шкендија ќе се игра на 15.ноември.
            


