АПОКАЛИПСА: За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

167

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната учебна година. Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66 678, што претставува намалување за 3,9% во однос на претходната учебна година“, стои во соопштението на ДЗС.

Намален е и бројот на специјални основни училишта, кои сега на територијата на Македонија се 35, а паѓа и бројот на паралелки и ученици, односно за една година, бројот на паралелки се намалил од 11.057 на 10.997, додека пак бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Единствено што е во пораст е бројот на наставници во основното образование, од 19.326 на 19.609 наставници.

претходниот член,ЈСП со голем чекор напред: Од четврток ќе возат две нови линии „100“ и „200“ – еве каде ќе движат
Следната статијаДве лица се истепале на партиски собир