Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Слаб снег провејува на планинскиот премин „Стража“ кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на премините „Плетвар“ и „Пресека“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.



