АМСМ утрово со најнова вест: Врнежи од снег на овој патен правец

470

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

На планинскиот превој „Пресека“ се бележат слаби врнежи од дожд и снег (лапавица). Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово-Скопје.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Претходна вестАвтобус полн со патници излета во провалија во омиленото летувалиште на многу Македонци – има и мртви
Следна вестВласта со убава вест: Во март уште едно зголемување на платите на оваа група вработени