Во овој момент во тек е Централниот одбор на СДСМ, на кој ќе бидат именувани новите потпретседатели на партијата, новиот генерален секретар, двајца организациони секретари и меѓународен секретар.
За „мотор“ на партијата односно генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ од ОО Гази Баба.
Димитријевиќ е актуелен советник во Гази Баба, а претходно беше и потпретседател на младината на партијата.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Конгрес во неделата, за заменик-претседател ја доби Фани Каранфилова Пановска.
Во текот на вечерта ќе ги споделиме и имињата на идните потпретседатели на партијата.