Албанските партии во Македонија: „Осуда и затвор за тие што го запалија македонското знаме“ – изјава која требаше да ја има

2637

Сите го осудија палењето на македонското знаме, на прославата на Денот на албанското знаме. Осуда пристигна буквално од сите страни, нормално, од сите македонски партии, но и од сите албански партии. Тие го осудија овој чин, но остана само на тоа. Дали е доволно?

Лицемерни ли се албанските партии во Македонија? И они од власта, како и оние од опозицијата. Излегоа со соопштенија, во кои го осудија овој чин, обидувајќи се да ги релативизираат дел од работите. Осуди имаше и од дел од јавните личности Албанци кои живеат и творат во Македонија.

Едно нешто никој не направи.

Ниту еден политичар, ниту една политичка партија не посочи со прст кон сторителите на овој чин и да упати порака со барање на најстрога казна затвор за прекршителите и сторителите на ова дело. Никој не кажа: „Осуда и затвор за тие што го запалија македонското знаме“.

Да, драги, лицемерни политичари. Оваа изјава требаше да ја каже секој од вас – да бевте искрени до крај. Ама не сте, за жал!

Претходна вестНотр Дам ја покажа својата обновена внатрешност пет години по пожарот
Следна вестФОТО: Исчезна момчето на сликата – родителите го бараат повеќе часа, доколку имате информација споделете