Сите го осудија палењето на македонското знаме, на прославата на Денот на албанското знаме. Осуда пристигна буквално од сите страни, нормално, од сите македонски партии, но и од сите албански партии. Тие го осудија овој чин, но остана само на тоа. Дали е доволно?
Лицемерни ли се албанските партии во Македонија? И они од власта, како и оние од опозицијата. Излегоа со соопштенија, во кои го осудија овој чин, обидувајќи се да ги релативизираат дел од работите. Осуди имаше и од дел од јавните личности Албанци кои живеат и творат во Македонија.
Едно нешто никој не направи.
Ниту еден политичар, ниту една политичка партија не посочи со прст кон сторителите на овој чин и да упати порака со барање на најстрога казна затвор за прекршителите и сторителите на ова дело. Никој не кажа: „Осуда и затвор за тие што го запалија македонското знаме“.
Да, драги, лицемерни политичари. Оваа изјава требаше да ја каже секој од вас – да бевте искрени до крај. Ама не сте, за жал!