Ако го имате, тогаш не смеете да се жалите: Цените на златото на највисоко ниво на сите времиња

263

Цената на златото продолжи да расте оваа недела, достигнувајќи историски максимум откако минатонеделните резултати од инфлацијата во САД дополнително ги зголемија очекувањата Федералните резерви да почнат да ги намалуваат каматните стапки оваа година, најверојатно во јуни.

Златото достигна 2.265,53 долари за унца (31,1 грам) во почетокот на тргувањето во понеделникот, а во вторникот порасна на 2.257 долари, пред да се смири на околу 2.254 долари, пишува Mining.com.

Во меѓувреме, фјучерсите на американското злато поскапеа за 1,2 отсто на 2.265,70 долари за унца во Њујорк.

Неколку позитивни двигатели ја зголемија цената на златото за околу 14 отсто од средината на февруари. Тие ја вклучуваат можноста за олабавување на монетарната политика што се очекува од големите централни банки, како и засилени тензии на Блискиот Исток и Украина.

Централните банки во голема мера купуваат злато, особено во Кина, каде што потрошувачите инвестираат во злато во услови на тековни проблеми во втората по големина економија во светот.

Кинеската централна банка значително ги зголеми своите резерви на злато во секој од последните 16 месеци.

По објавувањето на податоците за годишната инфлација (3,2 отсто) во февруари, претседателот на ФЕД Џером Пауел изјави дека податоците се во согласност со очекувањата и дека нема брзање кога станува збор за намалување на каматните стапки.

Пазарите моментално ги проценуваат шансите за намалување на стапката во јуни на 61 отсто.

Претходна вестУБАВИНИ: Нов директен лет од Скопје до островот Крф од јуни
Следна вестНова несреќа на нашите патишта: Тешко повреден маж во сообраќајка на експресниот пат А-З