Ајнет е 31-годишната жена која беше у6иена со нож од сопругот

35

Грозоморно убиство ја потресе Битола. Рано утринава со неколку убоди од нож убиена е 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел инаку мајка на четири деца. Ја уби нејзиниот сопруг во 6 и 40 часот во населбата Баир на ул. „5-та“. 33 годишникот е лишен од слобода и се наоѓа во полициската станица во СВР Битола. Како причина за фемицидот се наведува семејна расправија и недоразбирања кои траеле подолг период.

,,Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица – велат од СВР Битола.

Соседите и роднините на убиената велат дека жената била избодена до смрт со нож, но и претходно период наназад често трпела насилство. Не го пријавувала насилникот оти се плашела за безбедноста на своите деца.

ОЈО Битола издаде наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.

Во меѓувреме од Мрежата за заштита од дискриминација велат дека Македонија станува сè поопасно место за живеење за жените и бараат итна, темелна и транспарентна истрага за најновиот фемицид во Битола, вклучително и проверка дали претходно имало пријави за насилство или сознанија кај институциите.

,,Доколку се утврдат пропусти, бараме индивидуална одговорност и санкции за секое службено лице што не постапило согласно законските обврски. Бараме и итни финансиски инвестиции во специјализирани сервиси за жртви на насилство низ целата држава, како и зголемување на професионалните ресурси во сите институции, особено во МВР и центрите за социјална работа, кои ќе бидат фокусирани на заштита од насилство. Неопходни се и сериозни инвестиции во образованието и превентивни програми за спречување на насилството кај младите, нагласуваат граѓанските организации и додаваат дека животот на жените и децата не смее да завршува како статистика поради институционално непостапување и системски пропусти.”

Според граѓанските организации, загрижувачкиот пораст на фемициди и случаи на семејно и родово базирано насилство во 2026 година покажува дека институционалната заштита е недоволна, а системот потфрла да ги препознае и спречи ризиците навреме.

Претходна вестУЈП со убави вести: Кај овие граѓани е исплатен Мој ДДВ – познати деталите