АИРЛИЈА: Конечно некој мисли на сточарите во Македонија – Николовски објави одлична вест

227

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Берово, од каде објави супер вест за сточарите во целата држава. Конечно, некој се сети и на нив.

-Од овде од Берово, можам да кажам дека сточарите до крајот на оваа недела на своите сметки може да очекуваат 30% авансна основна субвенција за 2023 година.

До почетокот на март пак, сите сточари во целост ќе ги добијат своите субвенции за 2023 година. Дополнително крајот од 2024 година, сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авансни 30% за оваа тековна година.

-Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството, напиша на социјалните медиуми министерот Љупчо Николовски.

претходниот член,Охрид и Кичево утрово ги разбуди земјотрес – епицентарот бил во соседна држава
Следната статијаПехчево добива инвестиција вредна над 50 милиони евра, со тоа граѓаните ќе ги добијат ОВИЕ бенефити