Али Ахмети, претседателот на ДУИ заедно со лидерите на Европскиот фронт постави шатори пред Уставен суд од каде му испрати порака на актуелниот премиер, Христијан Мицкоски.
„Ние сакаме мир, ние сакаме демократија, ние сакаме слобода, сакаме за сите, ние сакаме нашата земја да биде во постојан напредок и што поблиску до ЕУ“, рече Ахмети.
Во неговиот говор пред симпатизерите исто така му испрати порака на Мицкоски да не се загрозува Охридскиот договор и да не се чепкаат Албанците во с’ржта.
-Зошто г. Христијан вие и многу домашни политичари и аналитичари ме обвинувате мене, Албанците, зошто настана војната во 2001 година. Војната беше прекината со компромис кој не ги задоволува страните. И ние сме незадоволни од тој компромис, но компромисите се најдобро решение, како за вас така и за нас. Затоа не го загрозувајте Охридскиот договор и не чепкајте во с’ржта на Албанците бидејќи не е добро ни за вас ни за нас. Оваа држава е заедничка, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети.