Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во центарот на Скопје, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а три лица биле повредени.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера во 22:10 часот на крстосницата на улиците „11 Октомври“, „Филип Втори Македонски“ и „Даме Груев“.
Во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 36-годишниот М.А. од Скопје, и патничко возило „пежо“, управувано од В.С. од Скопје.
Возачот на „пежото“ се здобил со тешки телесни повреди. Возачот на „голфот“ и неговите сопатници, 24-годишниот А.И. и 27-годишниот Д.П., двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди.
Повредените лица биле пренесени и медицински згрижени во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.




