Паралелно со регресот, компанијата ги зголемила и платите во двата најголеми сектори. Зголемувањето за вработените во Логистичкиот центар било реализирано со мајската плата, додека новите износи за вработените во маркетите стапиле во сила со исплатата на јулската плата.
Според податоците што ги објави КАМ, основната плата на сите работни позиции во секторот Продажба во просек е за 29 проценти повисока од минималната плата во државата.
Од компанијата наведуваат и дека просечната исплатена плата на ниво на КАМ е за 22 проценти повисока од просечната плата во браншата.
Покрај зголемувањето на платите и регресот, компанијата наведува дека продолжува да го проширува и системот на дополнителни бенефиции за вработените. Изминатиот месец, меѓу другото, биле обезбедени и ваучери за пазарење во „dm“.
Од КАМ велат дека нивната цел е долгорочно подобрување на финансиската сигурност и условите за работа на вработените.
„Препознавањето и вреднувањето на трудот на вработените треба да биде континуиран процес“, порачуваат од компанијата, додавајќи дека покрај редовните усогласувања на платите продолжуваат да инвестираат и во дополнителни надоместоци и бенефиции.




