Тешка несреќа во зграда во Скопје: Лифт повлече тригодишно девојче

Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во несреќа што се случила во лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, 30-годишната Е.З. од Скопје пријавила дека несреќата се случила на 22 август, околу 18:15 часот.

Според пријавеното, жената заедно со своите деца се наоѓала во лифт во станбена зграда на подрачјето на Радишани, кога вратата од лифтот ненадејно се отворила и повторно се затворила.

Во тој момент нејзината тригодишна ќерка била повлечена, при што се здобила со тешки телесни повреди.

Девојчето било пренесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекарите ги констатирале повредите.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Претходна вестОбјавена мапа: Започна невремето во Македонија
Следна вестГо ставив овој предмет под креветот, животот ми тргна на подобро за неколку месеци