Македонија ја очекува период на сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност, а температурите во делови од земјата ќе надминат 40 степени Целзиусови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде со засилен интензитет.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Промена на временските услови се очекува за време на викендот. Според прогнозите, ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места можно е да има и невреме со силен ветер и појава на град.
Надлежните препорачуваат граѓаните да бидат внимателни поради екстремно високите температури, како и поради можноста за невреме во текот на викендот.




