Тажна вест
Трагедија го потресе семејството Мекиќ.
Тешка семејна загуба за познатиот пејач Елвир Мекиќ.
Неговиот постар брат Елвис ненадејно почина на 45-годишна возраст, оставајќи зад себе семејство, пријатели и блиски кои со неверување ја примија веста.
Елвир денеска на својот инстаграм-профил ја сподели посмртницата за својот брат, со што јавно се прости од него.
Тажната вест особено го погоди и пејачот Јоце Панов.
Тој преку трогателна посвета откри дека биле блиски пријатели.




