Граѓаните во шок: Од полноќ големо зголемување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за 10,979%, кај екстра лесното масло за 9,801% и кај мазутот зголемувањето е за 0,871%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2247%.

Во денешната Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Претходна вестИ трет смртен случај од болеста што ја тресе Македонија
Следна вестСамо што пристигна одлична вест: Овие граѓани да си ги проверат сметките