Страшна бура го погоди овој град во Македонија – падна дрво и фасада врз автомобили

По топлото време, големо невреме во делови од Македонија. Овојпат хаосот се случува во истокот од државата.

Силно невреме попладнево го зафати Штип, при што силниот ветер предизвика материјална штета на објекти во градот.

Поради невремето, паднал дел од фасадата, како и настрешницата од објектот на НАМА.

Засега нема информации за повредени лица, а дополнително ќе се утврдува обемот на причинетата материјална штета.

Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и да избегнуваат движење во близина на оштетените објекти и места каде што постои опасност од паѓање на делови од фасади или други предмети.

Претходна вестУБАВА ВЕСТ: Пронајдена е младата Кристина
Следна вестГолем пожар во Грција – се евакуираат туристи и жители на градот