Петнаесетгодишната Кристина од Охрид која утринава беше пријавена за исчезната, е пронајдена.
Од полицијата потврдуваат дека малолетничката е предадена на родителите.
-Денеска (13.08.2026) во 12:20 часот на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Никола Карев“, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Охрид ја пронајдоа малолетничката К.Ј.(15) од Охрид, за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од домот.
Во содејство со Центарот за социјални работи таа е предадена на родителите, велат од МВР за порталот Курир.
Претходно беше објавено дека Кристина последен пат со семејството остварила контакт вчера околу 16 часот, а при излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки.
Нејзиното исчезнување утрово во полиција го пријавил таткото.




