Ни доаѓа летна Света Петка: Едно нешто не смеете да правите

На 8 август православните верници го празнуваат споменот на Света Петка – Летна, празник посветен на една од најпочитуваните светителки кај македонскиот народ.

На Света Петка ѝ е посветена и црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Според црковното предание, таа била од словенско потекло и е родена во градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Нејзините родители биле имотни и побожни христијани, а таа живеела со нив сè до нивната смрт.

По смртта на родителите, Света Петка заминала за Цариград, а потоа се упатила кон Јорданската пустина, на територијата на денешен Израел, каде што долг период живеела во пост, молитва и духовен подвиг.

Во длабока старост се вратила во родниот Епиват, каде што ги поминала последните години од животот. Се упокоила во Господа во единаесеттиот век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани на повеќе места, а денес се наоѓаат во градот Јаши, Романија.

Култот кон Света Петка кај македонскиот народ е особено силен. Верниците ја почитуваат како заштитничка од несреќи и болести, а народот често ја нарекува и Мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат и многу лековити извори познати како Петочни води.

Празникот Света Петка – Летна, или Петковден, во многу македонски семејства се одбележува како домашна слава со молитви, свечености и собирање на блиските.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка и други.

Во народното верување постојат и повеќе обичаи поврзани со овој ден. Се сметало дека на Света Петка не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, бидејќи се верувало дека тоа може да донесе несреќа или здравствени проблеми во текот на годината.

Светата православна црква празнува повеќе светителки со името Параскева – Петка, поради што често доаѓа до мешање на нивните животи и празници. Најпозната е Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27/14 октомври.

Името Параскева потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“, бидејќи петокот во старите времиња бил ден на подготовка за празникот.

Во Белград постои позната вода – агијазма посветена на Света Петка, за која верниците веруваат дека носи исцеление на оние кои со вера и молитва ѝ пристапуваат на светителката.

Празникот Света Петка – Летна останува силен симбол на верата, надежта и духовната сила кај православните верници.

Претходна вестМногу пари: За овие хороскопски знаци почнува најубавиот период од годината
Следна вестЧетири лица пренесени во болница: Тешка сообраќајна несреќа во Македонија