Општина Дебар го откажа концертот „Дебар фест 2026“, кој требаше да се одржи синоќа, поради трагичната смрт на млад жител на градот.
Од Општината информираат дека одлуката била донесена како знак на почит кон починатиот и неговото семејство, а воедно изразија длабоко сочувство до роднините и пријателите.
„Почитувани граѓани, ве известуваме дека концертот „Дебар фест 2026“ е откажан поради смртта на еден наш сонародник, млад човек од Дебар. Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите“, стои во објавата на Општина Дебар.
Од локалната самоуправа додаваат дека во овие тешки моменти стојат со мислите и срцата покрај семејството на починатиот.
„Нека почива во мир, а на семејството му посакуваме сила и трпение да ја издржи оваа тешка загуба“, се наведува во соопштението.





