Почина познатата актерка Наталија Дончева

Тажната вест ја потврди нејзиниот долгогодишен агент, кој соопшти дека актерката починала на 1 август. Причината за смртта засега не е објавена.

Наталија Дончева е родена во Софија во 1969 година, како ќерка на познатиот бугарски актер Пламен Дончев. На 19 години заминала во Франција, каде што ја изградила својата богата актерска кариера и се стекнала со голема популарност на француската театарска и телевизиска сцена.

Почина познатата бугарско-француска актерка Наталија Дончева на 56-годишна возраст.

Во текот на кариерата учествувала во повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти, а одиграла и бројни театарски улоги. Публиката ја памети по настапите во популарните француски серии „Julie Lescaut“, „Une femme d’honneur“, „Joséphine, ange gardien“ и „Doc Martin“.

Нејзиниот агент ја опиша како исклучително талентирана актерка со препознатлив сценски израз, нагласувајќи дека Дончева оставила значаен белег во француската кинематографија и театар.

Претходна вест52-годишен маж доби кривична пријава: Го навредувал премиерот во Ташмаруништа
Следна вестКонечно врнежи од дожд во Македонија – еве и точно кога