52-годишен маж доби кривична пријава: Го навредувал премиерот во Ташмаруништа

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Струга поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, откако, според пријавата, на прослава по повод Илинден во струшкото село Ташмаруништа упатувал вербални навреди кон јавни лица, меѓу кои и кон премиерот Христијан Мицкоски.

Од СВР Охрид информираат дека С.Г. (52) од Струга бил лишен од слобода на 2 август во 14:15 часот, по претходна пријава дека за време на настанот за одбележување на државниот празник упатувал навреди кон присутни јавни лица.

Против него е поднесена пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 став 5 од Кривичниот законик, односно дело сторено од омраза, за кое е предвидена затворска казна од една до пет години.

Според законската одредба, станува збор за случаи кога сторителот грубо навредува, ја загрозува сигурноста на друго лице или со своето однесување предизвикува чувство на несигурност, страв или загрозување во јавноста.

По целосно документирање на случајот, надлежните органи ќе продолжат со понатамошно постапување.

Претходна вест32-годишник почина по скок во студена вода – се сомневаат на срцев застој