Трактор излетал од патот, загина возачот

Осумдесет и едногодишен жител на Градско загина во сообраќајна несреќа со трактор во атарот на селото Уланци, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, на 25 јули 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај местото викано „Србиново“, во атар на село Уланци, општина Градско, С.Л. (81) управувал трактор со приколка.

Во еден момент, возачот изгубил контрола над возилото, по што тракторот излетал од патот.

Од здобиените повреди, осумдесет и едногодишниот маж починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестЃани го откажа настапот во Битола
Следна вест61-годишна жена и нејзиниот 71-годишен сопруг од Македонија за првпат станаа родители – добија здраво машко бебе